Создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години е главен фокус на новата валда, истакна претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски во експозето во Собранието.
„Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст.
Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции.“ посочи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека во перидот што претстои главен предизвик во економијата и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза.
Извор: СДСМ