Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција говореше за низата мерки кои ги носи Владата на Македонија за спречување на кризата која се влоши со војната во Украина.
Ова ќе биде тешка година, но ќе продолжиме да се бориме. Заеднички ќе пребродиме се, квалитетот на животот на граѓаните е приоритет. Ќе се користат сите ресурси да се помогне на граѓаните и стопанството. Но, бараме поддршка од граѓаните во овие кризни времиња, истакна Ковачевски.