HomeАктуелноИзвршени контроли за сертификати за вакцинација во угостителските објекти во Охрид.

Извршени контроли за сертификати за вакцинација во угостителските објекти во Охрид.

Синоќа биле извршени контроли во 17 угостителски објекти во Охрид при што биле констатирани повеќе неправилности.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 25 и 26.12.2021 година од 23 до 02 часот, полициски службеници од СВР Охрид и претставници од Управата за јавни приходи, на подрачјето на Охрид, извршија контрола во 17 угостителски објекти при што,  затекнаа четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација, стои во соопштението од СВР Охрид.

Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале  низа неправилности  во готовински промет. По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.