HomeАктуелноКривична за загадување на животна средина и природа и узурпација на недвижности во струшко Радолишта

Кривична за загадување на животна средина и природа и узурпација на недвижности во струшко Радолишта

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.И.(48) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животна средина и природа” и „узурпација на недвижности”. Тој, на парцела на крајбрежниот езерски појас во државна сопственост, прогласена за споменик на природата, која претходно ја узурпирал, повеќе пати во текот на 2024 година, со работна машина -багер извршил ископ на земја а потоа, истурање на земјата во водите на Охридското езеро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пријавениот, истурил земја и извршил порамнување  и на друга катарстарска парцела во крајезерскиот појас, во сопственост на друго лице со што, извршил загадување на животната средина и негативно влијание врз квалитетот на водата и био-диверзитетот во Охридското Езеро, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.