HomeАктуелноКривична пријава против лице од Охрид, Прво дала пари и била измамена, па и се јавил охриѓанец кој се претставил дека работи во агенција за помош на жртви на измами и ја оштетил за нови 150.000 денари кои ги зела на кредит

Кривична пријава против лице од Охрид, Прво дала пари и била измамена, па и се јавил охриѓанец кој се претставил дека работи во агенција за помош на жртви на измами и ја оштетил за нови 150.000 денари кои ги зела на кредит

СВР Битола поднесе кривична пријава против лице (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 16.09.2024, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка.

По ова, таа подигнала кредит од 200.000 денари, од кои 150.000 денари ги уплатила на трансакциска сметка на пријавениот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.