Почитувани претставници на медиумите,
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните, не се грижи за нивните интереси и благосостојба и единствено што сака е со политички манипулации да заработи ситни партиски поени.
Цела година пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа донесувањето на предлог Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и со тоа директно го оневозможија покачувањето на нивните плати и трансформацијата на работниот однос на над 4.700 наставници и стручни работници.
Откако цела година оневозможуваше сите наставници и стручни работници во основното и средното образование да добијат повисока плата и насилно и со празни процедурални забелешки ја кочеше собраниската процедура сега ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам признава дека предложеното законско решение е добро и исто такво доставува во собраниска процедура.
За жал, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување и над 4.700 наставници и стручни соработници кои со години посветено работат на образованието и воспитувањето на нашите деца ги етикетираше како партиски послушници.
Ова е уште еден доказ за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија ниту мисли на граѓаните, ниту сака тие да имаат повисоки плати, ниту се грижи за нивниот животен стандард, а најмалку пак се грижи за квалитетно образование на децата.
Граѓаните ги препознаваат овие проѕирни игри на ВМРО-ДПМНЕ и точно знаат дека политиките на оваа партија не носат ништо добро за нашата земја и за нашите граѓани.
СДСМ со конкретни политики и решенија го подобри стандардот на граѓаните, за 100 проценти ја покачи минималната плата, а работи и на покачување на платите во сите сектори.
Почитувани граѓани,
Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и Законот за наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта, предложен од Владата, со кој се покачува платата на наставниците и на стручните соработници и со кој се трансформира нивниот работен однос ќе биде изгласан.
Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престане со неодговорното постапување и да се откаже од блокадите на ова, но и на други законски решенија кои носат придобивки за граѓаните.
Изјава за медиуми на Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ
Центар за комуникации со јавност на СДСМ