Во јавноста деновиве се повеќе се зборува за можно коалицирање меѓу Левица и ДИУ и Левица и Зијадин Села во Струга? Вечерва се појави фотографија каде се предпоставува дека пратеничката Јована Мојсоска и кандидат за градоначалник на локалните избори во Струга, го насочува членството на партијата Левица во Струга да дадат поддршка за кандидатот на ДИУ.

Иако јавно тврдат дека настапуваат самостојно и без договори со било која партија, сè појасно е дека во Струга Левица и нејзината кандидатка Јована Мојсоска фактички работат во корист на кандидатот на Села. Зад фразите за независност и „борба против системот“ се крие политичка математика која најмногу му одговара токму на Зијадин Села.
Со својата кандидатура, Мојсоска директно го дели македонскиот гласачки корпус и ја разјадува опозициската поддршка – сценарио кое му обезбедува сигурна предност на кандидатот на Села уште во првиот круг. Наместо вистинска опозиција, Левица во Струга станува политички чадор кој ги покрива интересите на власта и го разнебитува секој обид за промена.
Додека во јавноста партијата се претставува како антисистемска сила, во пракса во Струга гледаме нешто сосема спротивно – тивка поддршка за истиот тој систем кој Левица наводно го критикува. Мојсоска внимателно ги избегнува критиките кон ДУИ, а фокусот го насочува кон напад врз другите македонски партии, со што не само што ја релативизира улогата на ДУИ во корупцијата и клиентелизмот, туку и индиректно го брани неговото владеење.
Очигледно е дека настапот на Левица во Струга не е случаен, туку смислено координиран потег кој треба да создаде привид на изборна разновидност, додека во позадина резултатот е ист – продолжување на владеењето на ДУИ.
Во Струга, Левица од антисистемска партија се претвори во политички параван за тие структури. Со ова, Јована Мојсоска не ја води битката против корумпираниот систем, туку му дава нов легитимитет – во момент кога граѓаните најмногу бараат промена.
Претходно се појави фотографија од Тетово, повторно беше отворено прашањето дали Левица и ДУИ ја официјализираа својата коалиција? По најновата фотографија направена во центарот на Тетово. На неа, Божиновска и Исмаили – поранешен ПР на Бајрам Реџепи и Теута Арифи – се гледаат во пријателска атмосфера.

Неофицијално, на средбата се разговарало за заедничко делување во вториот круг на локалните избори, како и за координација во Советот на Општина Тетово.
Во Струга, поддршката на ВМРО-ДПМНЕ е кај независниот кандидат Менди Ќира кој во текот на вчерашниот ден беше посетен лично од премиерот, Христијан Мицкоски.
Ќира е бизнисмен и на овие локални избори настапува како независен кандидат со поддршка од владеачката коалиција. ВМРО-ДПМНЕ не номинираше свој кандидат во првиот круг од локалните избори во Струга. Противкандидат му е Арсим Далипи од коалицијата НАИ предводена од ДУИ.

Секогаш е посебно чувство кога ќе се најдеме меѓу нашите луѓе со отворени срца, искрени насмевки и топол пречек што само Струга знае да го даде.Благодарност до сите што дојдоа, што споделија збор, да ја видат нашата програма за подобар живот и стандард на сите граѓани. Ова е нашата сила, народот обединет, со љубов кон Македонија и иднината! – напиша премиерот Мицкоски на Facebook.
Премиерот Христијан Мицкоски и новиот градоначалник на Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, заедно со кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќира, остварија повеќе средби со граѓаните на Струга.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ СТРУГА
Во Струга изборите не се само трка за градоначалничката функција – тие се битка за опстанок на политичкото влијание на Зијадин Села. Арсим Далипи, официјално претставен како „ново лице“ и „модерен избор“, во суштина е продолжена рака на поранешниот градоначалник и лидер на Алијанса за Албанците.

created by InCollage
Под маската на дигитализација, зелени проекти и „нов почеток“, се крие старото сценарио – одбрана на интересите на истата група што ја водеше општината со години. Граѓаните на Струга добро знаат дека Села не се повлече од политиката, туку се обидува преку својот кандидат да го задржи влијанието во локалната власт.
Арсим Далипи, зад него стои целата мрежа на поранешни функционери, партиски луѓе и структури што ја користеа општината како политички и економски ресурс. Наместо промени, се нуди континуитет на старите политики – каде личната и партиската лојалност беа поважни од интересите на граѓаните.
Секако, поддршката од Села може да донесе организациска сила, но и сериозен товар – неговата поделбена реторика и контроверзни изјави сè уште се свежи во сеќавањето на многумина. За голем дел од македонските гласачи во Струга, токму таа врска е црвена линија.
Ако Струга навистина сака нов почеток, тешко ќе го најде во кандидат кој во сè личи на својот политички ментор. Арсим Далипи можеби е ново лице, но зад него стои старата сенка на Зијадин Села?!
А тука се поставува прашањето дали Апасиев и Левица јавно ќе дадат поддршка во Струга?
Еве што мисли Зијадин Села, лидерот на Арсим Далипи за македонците.
