HomeАктуелноЛекарите апелираат да се почитуваат препораките, 300 пациенти новогодишната ноќ ќе ја поминат во ковид одделенијата.

Лекарите апелираат да се почитуваат препораките, 300 пациенти новогодишната ноќ ќе ја поминат во ковид одделенијата.

Околу 300 пациенти за новогодишните празници ќе останат во ковид центрите. Најголем број се на кислородна поддршка поради компликации од вирусот. Педесет од нив се во ГОБ 8ми септември каде одделот за интензивна нега е полн.

– Кај нас доаѓаат од други болници овде, во тешка состојба, возраста е од 30 па нагоре. Интензивна е полна веќе неколку месеци наназад, вели д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8ми септември.

Костов не очекува наплив по празничниот период, но вели тоа ќе зависи од однесувањео на граѓаните и почитувањето на превентивните мерки.

– Да внимаваат, во кафеаните има протоколи и тоа да се почитува. И вакцинација, бидејќи речиси сите кои завршуваат летално се невакцинирани, вели Костов.

Анализата од Министерството за здравство покажува дека во изминатите 4 месеци 67 проценти од новодијагностицираните и 78 проценти од починатите не биле вакцинирани.

Инаку на последниот ден од годината во ГОБ 8 септември проработеа новите реконструирани 5 лифтови неопходни и за пациентите и за вработените.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.