HomeАктуелноЛекар примил поткуп па заработи кривична

Лекар примил поткуп па заработи кривична

На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.