HomeАктуелноМаж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Полициски службеници вчера го уапсија И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.1.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.

По преземени мерки од полициски службеници обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото. ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава за убиство, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и И.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор, извести МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.