
Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Франција од 32:25 во последниот меч на 29. Светско првенство.
Пред мечот беше познато дека ги загубивме сите шанси за место во Топ 8 фазата, но без разлика на тоа одигравме борбен, солиден меч против Французите кои заедно со Данска важат за најдобрите ракометни селекции на планетава.
До 5-5 бевме рамноправни со „триколорите“ кои потоа направија серија од 3-0, го преземаа водство и потоа имаа контрола на играта и резултатот. По првиот дел бевме во негатива од 18:14, по одморот бевме максимално конкуретни со противникот во овој дел, а на крајот имавме мал пад и на крајот загубивме со седум разлика.
Најефикасен беше Филип Кузмановски со осум погодоци, четири запиша младиот Марко Митев, додека голманот Никола Митревски забележа десет одбрани.
Македонија со учинок од две победи, две нерешени и два порази овој мундијал го заврши со Топ 16 пласман.