Дваесет и девет годишната македонска инфлуенсерката Александра Шијакоска ја раскажува борбата со тумурот.
Александра Шијакоска , девојката која ги прави најкреативните модни комбинации инспирирајќи ги девојките ширум земјава, сподели дека извесен период нема да биде активна на социјалните мрежи како досега.
Шијакоска рече дека операцијата поминала во најдобар ред, дека закрепнува и чека уште некои испитувања и резултати. Рече дека нема потреба од грижа, бидејќи најлошото е позади неа и се заблагодари на сите кои ѝ помогнале и се понудиле да ѝ помогнат, „никогаш нема да заборавам ни јас, ни Господ“, напиша таа.
фото: instagram Aleksandra Shijakoska
Тука сум осум дена, првите неколку не личев на себе. Лицето ми беше искривено, говорот сменет, беспомошна бев. Чекав малку да се опоравам за да ве известам. Дефинитивно најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот. Јас сум убедена дека се’ се случува со причина. Мене животот ми даде уште една шанса да живеам и да се разбудам со се’ функционално после операцијата. Ќе ја оправдам таа шанса. Не го земајте животот здраво за готово, во еден момент може да ви се смени цел тек на настаните – порача Александра од болничката соба.
фото: instagram Aleksandra Shijakoska