HomeАктуелноМакедонските патишта како „писти“, 218 санкции за брзо возење

Македонските патишта како „писти“, 218 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 218 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, соопштија денеска од МВР, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.