HomeАктуелноМалолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Струга

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Струга

Денеска (08.08.2024) во 01.45 часот, на крстосница од улиците „Боро Хаџиески – Путе” и „Кузман Јосифоски – Питу” во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.М.(33) од с.Радолишта, струшко и мопед „априлиа” со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, додаваат од СВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.