На 10.02.2026 во 18:15 часот на локален пат помеѓу струшките села Велешта и Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.А.(47) од Октиси. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по извршен преглед пронајдена и одземена е марихуана, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
