HomeАктуелноМВР го расчисти случајот со палењето на македонското знаме на ТикТок, идентификуван малолетник од Тетово

МВР го расчисти случајот со палењето на македонското знаме на ТикТок, идентификуван малолетник од Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видеото објавено на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа палење на македонското знаме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МВР информираат дека видеото било забележано на 22 септември при мониторинг на социјалните мрежи. Според полицијата, со објавената содржина било сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“, согласно член 319 став 1 од Кривичниот законик.

По преземените мерки, следниот ден бил утврден идентитетот на авторот на профилот. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, при што, според МВР, тој признал дека го сторил делото.

Со согласност на родителот бил обезбеден и мобилниот телефон од кој било поставено видеото, за потребите на постапката и документирањето на доказите.

Малолетникот во разговорот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. И тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.