Засилени контроли за празниците најавуваат од полицијата и пазарниот инспекторат. Тие на терен ги „чешлаат“ угостителските и трговските објекти, затекнале продавници кои ја прекршиле примената на одлуката за највисоки цени според законот за трговија a при извршените контроли викендов во 17 угостителски објекти регистрирале малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, лица со лажен сертификат и без сертификати за извршена вакцинација.
Од пазарниот инспекторат најавија контроли и на одржување растојание помеѓу гостите и нивниот број во објектите. Од СВР Охрид апелираат до угостителските објекти да ги почитуваат безбедносните протоколи за заштита од Kовид-19.
Претставниците од УЈП, пак кај повеќе угостителски објекти, констатирале низа неправилности во готовински промет. По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави.