HomeАктуелноМВР „фрчи“ со кривични пријави – „злоупотреба на службена положба и овластување“

МВР „фрчи“ со кривични пријави – „злоупотреба на службена положба и овластување“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42) двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пријавените во текот на 2016-та година во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три последователни работни денови, пријавените донеле одлука со која на оштетениот му го раскинале договорот за вработување. Во ваквите дејствија пријавените го оштетиле фондот на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид за износ од 883.648 денари, кој треба да му го исплати на оштетениот со правосилна судска пресуда – се вели во соопштението на МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.