HomeАктуелноМинистерството за здравство преку СМС пораки ќе ги повикува граѓаните на вакцинација

Министерството за здравство преку СМС пораки ќе ги повикува граѓаните на вакцинација

Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку „МојТермин“.

Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје.

Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19. Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес. Повеќе информации за медицинските состојби поврзани со повисок ризик за тешка форма на Ковид-19 има на линкот: http://zdravstvo.gov.mk/shto-treba-da-znaete/ , информираат од Министерството за здравство. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.