Со доаѓањето на грејната сезона се очекува зголемено загадување на воздухот, а за да се намали тоа загадување, премиерот христијан Мицкоски денеска од Штип најави дека на денешната седница на Влада ќе предложи да се субвенционираат филтри за оџаци.
За еден месец ќе започне грејната сезона. Денеска имаме седница на влада и сакам да отворам за предлози една многу значајна точка: бидејќи гасификацијата е процес којшто ќе трае подолго, нема да имаме брзи резултати, можеби треба да размислиме по истиот принцип, како што субвенционираме за клима-уреди, за топлински пумпи и ваков тип на субвенционирање сметки за струја за социјално ранливи категории, на отприлика 5-10.000 домаќинства, да им субвенционираме филтри на оџаците на оние домаќинства коишто користат фосилни горива, односно дрва – рече Мицкоски.
Тој рече дека неколку дена лично работел на оваа проблематика и видел дека голем дел од градовите на тој начин го намалиле загадувањето.
По принципот на прв дојден, прв услужен, би субвенционирале, како влада, таков тип филтри – вели Мицкоски.
Исто така, додаде Мицкоски мапирале околу 500 државни објекти, којшто исто така користат фиосилни горива и дрва, „па да бидеме и таму ние како влада проактивни, да инсталираме филтри, со што би го намалиле загадувањето“.
