HomeАктуелноМицкоски повикува на избори, СДСМ бара да си поднесе оставка

Мицкоски повикува на избори, СДСМ бара да си поднесе оставка

Предвремени парламентарни избори се единствениот одговорен потег во овој момент во кој граѓаните се соочуваат со проблеми во секој можен сегмент. Опозицискиот лидер вели дека не се откажува од барањето за ново изборно соочување

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мицкоски вели дека за оваа тема но и за обезбедување на единство во преговорите со Бугарија е подготвен да седне на лидерска средба со Ковачевски. Уште еднаш порача дека за шверцерски договор со Бугарија неговата партија нема да даде поддршка

Мицкоски кој денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров потенцираше дека општините се соочуваат со 5 пати повисоки сметки за струја а Владата во споредба со минатата година ги намалила средствата кои ги одвојува за општини. Најави дека во периодот кој следи, неговата партија ќе поднесе предлог до Собранието за намалување на акцизата на горивата.
Од СДСМ бараат оставка од Мицкоски поради слуачјот Титаник. Од партијата констатирале дека опозицискиот лидер е нервозен бидејќи градоначалниците од неговата партија немале реализирани проекти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.