HomeАктуелноНад илјада повици на бројот 112 од пуштањето во употреба во петокот

Над илјада повици на бројот 112 од пуштањето во употреба во петокот

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рано утрово го посети Секторот 112 во Центарот за управување со кризи.

Во петокот, 11.02.2022, денот кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба имало околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика, велат од ЦУК.

Од страна на дежурниот сменоводител и примателите на итни повици беше запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112, додаваат од ЦУК.

Македонските граѓани во итен случај со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ги добиваат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

Ангелов утрово го посети Секторот 112. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рано утрово го посети Секторот 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од страна на дежурниот сменоводител и примателите на итни повици беше запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112. Во петокот, 11.02.2022, денот кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба имало околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика. – информираат од центарот за управување со кризи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.