Меѓународен ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8-ми март, тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Празникот се појавил во време на голем индустриски напредок, но и големи турбуленции, криза и радикални идеологии.
Меѓународниот ден на жената во себе носи корени на протест и политички активизам, со макотрпен пат на жените.
Годините кои претходеле на 1910та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји.
Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари.
Истовремено, индустријата ја погодила голема криза. Здружувањето на работниците кои не биле дел од синдикатите се нашле во незавидна позиција додека синдикатите станувале се посилни.
Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог кој вели да се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир.
Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8ми Март како Ден на жената.
Денес, положбата во општеството во однос на рамноправост на жените и мажите е значително подобрена, но, сепак борбата за еднаквост на жените со мажите и понатаму продолжува во политичка, економска и социјална смисла.
Статистиката покажува дека зад портокаловата боја се кријат многу жени жртви на семејно насилство, жени и девојки на кој насилството, стравот и дискриминацијата им е секојдневие.
И овој 8-ми март повикуваме на добрина, емпатија, човечност, право на избор, борба против насилството и рамноправност.
Драги дами,
Нека розите се Ваше секојдневие, а 8-ми март нови 365 дена за борба на секоја една жена!