HomeАктуелноНарушување на јавниот ред и мир пред кафеана во Битола, со нож им се заканувал на полицијата

Нарушување на јавниот ред и мир пред кафеана во Битола, со нож им се заканувал на полицијата

На 26.02.2022 во 00.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Прилеп на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп пред угостителски објект бил лишен од слобода М.С.(23) од Прилеп поради тоа што по претходна расправија го нарушил јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка со А.Т.(36) од Битола, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејства заканувајќи им се со остар предмет, информираа од МВР.

По целосното докуметирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.