HomeАктуелноНајава за дожд, снег и ниски температури – Метеоролозите со НАЈНОВА ВРЕМЕНСКА прогноза

Најава за дожд, снег и ниски температури – Метеоролозите со НАЈНОВА ВРЕМЕНСКА прогноза

До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денес, во вечерните часови, во текот на ноќта и утре локални врнежи од дожд ќе има во јужните делови. Во одделни котлини ќе има појава на магла, jавува УХМР.

Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север, в четврток и в петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в петок.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.