HomeАктуелноНајмалку девет лица загинаа во операцијата на американските сили против џихадистите во Сирија.

Најмалку девет лица загинаа во операцијата на американските сили против џихадистите во Сирија.

Најмалку девет лица загинаа утрово во операција на американските специјални сили против џихадистите на северозападот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Меѓу жртвите има и тројца цивили.

„Најмалку девет лица, меѓу кои две деца и една жена, се убиени во операцијата”, рече директорот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Претходно Пентагон соопшти дека американската војска успешно извршила антитерористичка мисија во северозападна Сирија, додавајќи дека нема американски жртви.

„Американските сили за специјални операции под Централната команда извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви”, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Жители на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година речиси половина милион луѓе се убиени, додека неколку милиони ги напуштиле своите домови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.