HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Земјотрес ја стресе Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени е регистриран ноќеска во југоисточниот дел на Македонија, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потресот бил евидентиран во 00:29 часот на 1 октомври, на длабочина од околу 15 километри под површината на земјата.
Според сеизмолошката карта, епицентарот се наоѓа во поширокиот регион меѓу Радовиш и Струмица.
Станува збор за слаб земјотрес, а засега нема информации дали бил почувствуван од граѓаните, ниту дали предизвикал материјална штета.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Надлежните служби дополнително ги обработуваат податоците, па можни се корекции во однос на точната локација и јачина на регистрираниот потрес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.