ТЕШКО НАСИЛСТВО ВО ОХРИД – ДЕВОЈКА ПРЕТЕПАНА И ОСТАВЕНА, НАПАЃАЧОТ МИСЛЕЛ ДЕКА Е МРТВА
Тежок и вознемирувачки случај на насилство се случи синоќа во Охрид, дознава нашата редакцијa.
Според информациите до кои дојдовме, девојка била брутално физички нападната и претепана од момче, по што била фрлена и оставена, а напаѓачот, според досегашните информации, мислел дека таа е мртва.
Девојката го преживеала нападот, по што била хоспитализирана и задржана на болничко лекување. Нејзината хоспитализација дополнително ја потврдува сериозноста на случајот. Се очекуваат повеќе информации за степенот на повредите, околностите под кои се случил нападот и понатамошното постапување на надлежните институции.
Случајот веќе е пријавен во полиција и се очекуваат дополнителни информации за нејзината здравствена состојба и за постапувањето на надлежните институции. Случајот отвора сериозни прашања за мотивот и околностите под кои се случил нападот. Доколку се потврдат сите детали, станува збор за особено тежок случај на насилство. Редакцијата продолжува да ги проверува информациите и од надлежните интитуции, по што ќе објави нови детали кога информацијата ќе има официјална потврда од страна на МВР.
