Синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа, од наводно Еврејска секта (Лев Тахор) станува збор за мажи, жени и деца со несекојдневна облека се шетаат по кумановските улици, наводно станува збор за околу 35 возрасни и 15 деца кои престојуваат во неколку изнајмени куќи.
Меѓудругото, во некои од коментарите по социјалните мрежи се тврди дека за ваквата несекојдневност е известена полицијата, со тоа што некои апелираат да не се шират дезинформации и да се чека известување од надлежните.
Инаку, пред околу две седмици се појави една таква репортажа од Сараево, во која екипа на N1 беше во посета во една таква мистериозна куќа.