HomeАктуелноНа планина се дише загаден воздух, повторно гори кај Буково

На планина се дише загаден воздух, повторно гори кај Буково

И денес гори депонијата на Буково, состојбата за соседните села е алармантна, реагираат мештаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, редакцијата на powerinfo.mk во текот на вчерашниот ден стапи во контакт како со противпожарната единица – Охрид, така и со Центарот за управување со кризи.

За powerinfo ја потврдија информацијата, било интервенирало во изминатите денови од страна на противпожарната единица – Охрид.

Од РЦУК – Охрид за powerinfо велат дека на местото на депонијата интервенција имале пред два дена, додека во текот на вчерашниот ден немало пријава за пожар.

Останатите институции сѐ уште се во молк, а нивната неодговорност за животната средина и граѓаните кои живеат или престојуваат  во своите викендици на ова место, што се приморани сред планина да дишат смрдеа и загаден воздуг говори многу.

Имено, и понатаму останува прашањето зошто толку често доаѓа до пожари на ова место и дали можеби е човечки фактор?

 

Е.Р

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.