HomeАктуелноНа 20-годишникот кој усмрти девојка кај „Силбо“ ќе му се испитува крв и урина, издадена наредба за обезбедување на снимки

На 20-годишникот кој усмрти девојка кај „Силбо“ ќе му се испитува крв и урина, издадена наредба за обезбедување на снимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.