HomeАктуелноНевреме во Македонија – еве колку дожд наврна во литри на метар квадратен

Невреме во Македонија – еве колку дожд наврна во литри на метар квадратен

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 45 литри на метар квадратен, во Тетово 38, Дебар 33, Охрид 10, во Крушево осум, а во Скопје еден литар, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно, а во западните делови почнувајќи од полноќ беше нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Процесите на повеќе места беа поинтензивни со пообилен дожд, засилен ветер и можна појава на град. Утрово е умерено до значително облачно, а во крајните западни делови се уште нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во западните, централните и северните делови. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.