Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница и препорача на Агенцијата да „им укаже на кабелските оператори во Република Северна Македонија да ги исклучат каналите каде се појавува како основач Руската Федерација или се приватни лица, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“, пренесува ТВ21.
Од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за ТВ21 велат дека тие испратиле допис до сите оператори со цел исклучување на овие три руски канали.
Агенцијата со допис им укажа на сите оператори на јавна електронска комуникациска мрежа, доколку со исклучувањето не им се предизвикува финансиска штета, веднаш да ги исклучат овие канали и во најскоро време, но не подолго од три дена од денот на приемот на дописот, да ја известат Агенцијата за преземените активности од нивна страна, велат од АВМУ за ТВ21.