HomeАктуелноНивото на водата на Охридското Езеро далеку под просекот за март

Нивото на водата на Охридското Езеро далеку под просекот за март

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март, покажуваат мерењата  направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во поглед на неделната анализа благодарение на врнежите од дожд водостојот на Охридското Езеро порасна за четири сантиметри.

Температурата на водата е осум степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.