Божиќ се слави три дена, додека вториот ден ѝ е посветен на Пресвета Богородица која го родила Исус Христос.
Што не смее да се прави на вториот ден од Божиќ?
Многумина не се свесни дека големиот празник сè уште трае. Денес, иако е работен ден, би требало да биде и ден за молитва, вера, дарување и голема љубов. Сè што правите денес, нека биде со верба во Бог.
Доколку мора да извршите некои физички тешки работи, прво прекрстете се.
За време на тие три дена колку што трае Божиќ, не смее да се чисти куќата. Исклучок се куќите што слават Свети Стефан.
