HomeАктуелноНОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Ни се враќа зимата?

НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Ни се враќа зимата?

Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.

Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. За време на прогнозираниот период ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, велат од УХМР.

Сепак, српскиот метеоролог Иван Ристиќ предупредува дека кон средината на месецот доаѓа уште една промена на времето, која ќе започне на 12 март.

Тогаш во регионот пристигнува студениот арктички воздух како дел од поларниот вртлог и доаѓа до отворање на „виенската врата“. Најверојатно зимата ќе ни се врати во средината на март, вели Ристиќ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.