HomeАктуелноНова промена на времето, ќе има снег!

Нова промена на времето, ќе има снег!

Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 01.02.2025
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 17°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Прогноза за 02.02.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 03.02.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.