HomeАктуелноНови детали за нападот во Минхен, сторителот бил познат на полицијата

Нови детали за нападот во Минхен, сторителот бил познат на полицијата

Најмалку 28 лица, меѓу кои и деца, се повредени денеска кога возач со својот автомобил влетал на синдикални демонстрации во Минхен, соопштија германските власти, додавајќи дека се верува дека станува збор за намерен напад и дека напаѓачот, авганистански барател на азил, е уапсен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полицијата го уапсила осомничениот откако бил испукан истрел во автомобил, изјави заменик началникот на полицијата Кристијан Хубер. Тој додаде дека се верува дека најмалку 28 лица се повредени, од кои некои потешко. На местото на инцидентот може да се забележи оштетено Mini, како и расфрлани предмети на луѓе наоколу. Осомничениот е 24-годишен авганистански барател на азил, пишуваат медиумите.

Гувернерот на Баварија, Маркус Содер, им рече на новинарите на местото на настанот дека постои сомнеж дека станува збор за напад, многу работи укажуваат на тоа, изјави Содер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.