HomeАктуелноНови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела

Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела

Регистрирани за 2.726 нови случаи на заболени од грип што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица.  

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат останатите препораки.

Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход.

Во сезоната 2024/25 година досега регистрирани се вкупно 14.340 случаи на заболени од грип.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.