HomeАктуелноОбука за полициски службеници од полициски станици на РЦ Запад во рамки на програмата “Сина храброст”

Обука за полициски службеници од полициски станици на РЦ Запад во рамки на програмата “Сина храброст”

Вчера и денеска (11/12.07.2023) во просториите на Регионален центар за гранични работи Запад во Охрид, во рамки на програмата ,,Сина храброст“ со подршка на ИЦИТАП Програмата при Амабасада на САД во Република Северна Македонија беше одржана обука за полициски службеници од полициски станици за гранични проверки, граничен надзор и ОПКМСР при РЦ за ГР Запад – Охрид.
Програмата „Сина храброст“ е образовен и трансформациски процес за зајакнување на личните и професионалните капацитети за полициските службеници и полициската организација во целина.
Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници. Преку градењето на посилни ментални проценки и способности во разни кризни ситуации, обуката треба да придонесе за поквалитетно и поефикасно извршување на работните задачи на сите полициски службеници, како и поквалитетно и поефикасно справување со секојдневните предизвици на работното место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.