HomeАктуелноОва е мерка во корист на сите граѓани, се намалуваат цените на овие производи

Ова е мерка во корист на сите граѓани, се намалуваат цените на овие производи

Владата ја ограничи профитната маржа на 10% на 100-тина производи. Со есенската кошничка се опфатени брашното, белиот и полубелиот леб, пекарските производи, тестенини, ориз, зејтин, јунешко, свинско и пилешко месо, замрзнат ослиќ, шунка, чајна и пилешка посебна салама, кравјото млеко, јогуртот, павлаката, урдата, кравјо и мешано сирење и кашкавал, јајцата, повеќе видови на овошје и зеленчук, теглите со ајвар, краставички и маринирани печурки, шеќерот, млечното чоколадо, повеќе висови зачини и меленото кафе.

Мерката ќе стапи на сила на почетокот на следната недела, односно еден ден откако ќе биде објавена во Службен весник, а ќе трае до крајот на октомври. Производите во маркетите имаат посебна ознака.

Мерката ја поздравуваат и од Сојузот на синдикати од каде велат дека само на ваков начин може да се заштити стандардот на граѓаните.

По завршување на мерката Владата не очекува нагло зголемување на цените на овие производи бидејќи веќе од следната недела ќе стартува примената на Законот за нефер трговски практики. Со овој закон покрај ограничената маржа, трговците нема да смеат да наплаќаат за маркетинг, репрезентација и за истакнување на одредени производи на полица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.