HomeАктуелноОд утре зголемување на пензиите, премиерот со важни информации за сите пензионери!

Од утре зголемување на пензиите, премиерот со важни информации за сите пензионери!

Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видео порака во која се вели дека утре (1-ви октомври) ќе бидат исплатени повисоките пензии.

Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност, порача Мицкоски.

Тој истакна и дека утре на пладне ќе биде отчетот на Владата каде што ќе може да се види што е направено во овие 100 дена.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.