HomeАктуелноОктомвриските пензии предвреме на сметките – дел од пензионерите уште денес ќе располагаат со парите

Октомвриските пензии предвреме на сметките – дел од пензионерите уште денес ќе располагаат со парите

Октомвриските пензии за дел од пензионерите во Македонија почнуваат да се исплаќаат денеска, 30 октомври, пред редовниот термин на почетокот на ноември.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради тоа што 1 ноември се паѓа во недела, редовниот термин за исплата би бил 2 ноември, но дел од банките овозможуваат пензионерите да располагаат со средствата уште од последниот работен ден во октомври.

Комерцијална банка, ТТК Банка и Централна кооперативна банка потврдија дека октомвриските пензии ќе бидат достапни од денеска.

Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат да ги користат средствата преку банкоматите и за плаќање во трговската мрежа, додека подигнувањето во филијалите ќе се одвива согласно работното време на банките.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.