HomeАктуелноОпштина Охрид и јавните претпријатија на удар на енергетската криза, потребен е слух од владата

Општина Охрид и јавните претпријатија на удар на енергетската криза, потребен е слух од владата

Повеќекратното зголемување на цената на електрична енергија ќе се одрази врз функционирање на ЈП „Водовод“ и ЈП „Билјанини извори“, но и на Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Енергетската криза ја има погодено без исклучок секоја општина, ситуацијата е катастрофална и за оние кои немаат веќе договори со добавувачи на електрична енергија меѓу нив  и Општина Охрид, ЈП „Водовод“ и ЈП „Билјанини извори“, изјави денеска градоначаликот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Споредбено, рече Пецаков, ако во декември 2020 година ЈП „Водовод“ имало 2 милиони денари сметка за струја, сега истата изнесува  6,5 милиони денари или за околу една година би била 1 милион и 300 илјади евра.

Претпријатието е доведено на работ на егзистенција и се јавува дилема дали ќе треба како во комунизмот да имаме рестрикции на вода или воопшто да немаме вода или, пак, вработените нема да може да земат плата. При тоа Владата нема никаков слух за помагање на самите општини и локалните самоуправи. Како ЗЕЛС и јас како член на Управниот одбор веќе направивме чекор и очекуваме итна седница на којашто би не примиле сите челнови на Управниот одбот на единиците на локалните самоуправи и да видиме што може реално државата да помогне. Во моментов не е доведено во прашање водоснабдувањето на граѓаните во Охрид, вели градоначалникот Пецаков.

Дополнително покрај ЈП „Водовод“, тука е и ЈП „Билјанини извори“ каде во декември 2020 сметката за струја изнесувала 83 илјади, а веќе во декевмри 2021 е 600 илјади денари. Значи зголемувањето на струјата зависно во кој период е од три до пет пати поголемо, посочи Градоначалникот.

И за Општина Охрид ако во 2020 година сметката за струја во декември била 329 илјади денари, во декември 2021 година изнесува 1,5 милиони денари. Ова се погубни бројки посебно за ЈП „Водовод“ кадешто приходот на претпријатието е околу 10 до 11 милиони денари месечно, а само 6,5 милиони денари треба да одат за струја, тешко дека би се издржало. Посебно што во овој период резервоарите се целосно исполнети со вода заради нивото на врнежи и од дожд и од снег и е многу поедноставно и пумпите помалку работат за да ја донесат водата во резервоарите. А кога ќе дојде летниот период овие сметки се очекува да бидат десеткратно поголеми. Останатите јавни претпријатија во Охрид имаат договор со добавувач до април или до мај што значи дека до тогаш ќе може да функционираат нормално, а после тоа и тие ќе бидат на терет да може да ги исполнуваат основните обврски, а не пак некакви инвестициони работи, рече Пецаков.

Градоначалникот потенцираше дека овој проблем го имаат сите општини не само Општина Охрид и потребен е слух од Владата.

За оваа година проектите што ги имаме планирано ќе ги завршиме, а веќе наредната ако продолжи истата ситуација тешко, затоа што, најглем дел од средствата ќе одат за електрична енергија.  Има повеќе начини за помош која може да ја даде Владата на општините,. Ние и не мора ни да бараме дури ни субвенции доколку Владата е подготвена вистински да не води низ процесот на децентрализација и да ги зголеми средствата коишто во текот на една година односно на месечно ниво ги добиваме како повраток од државата. Во суштина треба да не водат кон вистински начин на децентрализација, да располагаме со повеќе средства, така ќе можеме да ги покриваме сите трошоци, не само за струја и за проекти, додаде Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.