HomeАктуелноОружени престрелки во Киев, Украина соопшти за преземањето на нуклеарната централа во Чернобил

Оружени престрелки во Киев, Украина соопшти за преземањето на нуклеарната централа во Чернобил

Украина соопшти дека по преземањето на нуклеарната централа во Чернобил од страна на руската војска, во таа област се забележани повисоки нивоа на гама зрачење. Ова се наведува во соопштението на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина.

Зголемената радијација се припишува на „нарушување на горниот слој на почвата поради движењето на големо количество тешка воена опрема низ зоната на исклучување и испуштањето на контаминирана радиоактивна прашина во воздухот“.

Руски трупи влегоа во Киев, тврди украинското Министерство за одбрана

Првите руски воени единици навлегоа во Киев, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Руски „саботери“ веќе бие забележани во областа Оболон на север во главниот град, објави Министерството преку Фејсбук. Информацијата се уште не е потврдена од независни извори.

Министерството упати повик до локалното население да подготви Молотови коктели за да дејствува доколку има потреба како и да пријави до надлежните какво било присуство на руска воена техника.

Истовремено се повикува населението да не ги напушта своите домови, стои во соопштението од Министерството.

Русија забрани британски авиони да влезат во рускиот воздушен простор

Москва денеска забрани сите авиони поврзани со Велика Британија, вклучувајќи и транзитни летови, да влезат во рускиот воздушен простор. Одлуката следува откако рускиот превозник „Аерофлот“ беше спречен да лета над Велика Британија, по нападот врз Украина.

„Донесена е рестрикција за користење на рускиот воздушен простор, се однесува на летови на авиони во сопственост, изнајмени или управувани, од организација поврзана со, или регистрирана во, Велика Британија“, се наведува во соопштението на воздухопловната управа на „Росавијација“.

Одлуката стапува на сила од 11 часот, по локално време.

Зеленски ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија поради нејзината инвазија.

Сè уште не се исцрпени сите можности за санкции. Притисокот врз Русија мора да се зголеми, објави Зеленски на Твитер по разговорот со шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен.

 

извор. МИА

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.