HomeАктуелноОсмани со осуда за палењето на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола

Османи со осуда за палењето на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Османи, ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

-Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија, изјави денеска Османи.

Тој ги повика надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.