HomeАктуелноОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО ПОЖАР ВО СТАН ВО ОХРИД

ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО ПОЖАР ВО СТАН ВО ОХРИД

Осум лица завршија во Општата болница во Охрид по пожар што избувнал во стан на улицата „Гоце Делчев“, во охридската населба Даљан.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Охрид, лицата биле хоспитализирани поради повреди и отежнато дишење предизвикано од вдишување чад.

На местото на настанот интервенирале противпожарни екипи, кои презеле мерки за локализирање и гаснење на огнот, како и за безбедна евакуација на станарите.

Од охридската противпожарна единица информираат дека благодарение на брзата и ефикасна интервенција на пожарникарите била спречена поголема катастрофа.

Сите осум лица биле пренесени во Општата болница во Охрид, каде што им била укажана медицинска помош.

Од противпожарната единица им посакаа брзо закрепнување на повредените.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, висината на материјалната штета и здравствената состојба на хоспитализираните лица.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.