HomeАктуелноОхридската полиција расчистува два случаи поврзани со дрога

Охридската полиција расчистува два случаи поврзани со дрога

На 26.01.2024 година во 02 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, приведен е М.Ц.(28) од Охрид кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ден пред тоа, на 25.01.2024 година во 11.40 часот, во близина на спортски објект во Охрид, приведен е Ж.Д.(55) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.