HomeАктуелноОхридски Комуналец алармира дека во Охрид се носат кучиња скитници од други градови, волонтери обвинуваат за нехуман третман на животните

Охридски Комуналец алармира дека во Охрид се носат кучиња скитници од други градови, волонтери обвинуваат за нехуман третман на животните

ЈП Охридски Комуналец алармира дека во градот посебно во централното градско подрачје повторно е забележано присуство на поголем број кучиња скитници кои, најверојатно се донесени и пуштени во нашиот град од страна на непознати лица, односно донесени се од други градови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Стручните служби при ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид за проблемот го известија економскиот оператор со кој јавното претпријатие има склучено Договор за набавка на ветеринарни услуги и од страна на истиот се преземаат активности за заловување и хуман третман на кучињата скитници, велат од претпријатието.

Додаваат дека со писмен допис се обратиле и до МВР-СВР Охрид и до Комуналната инспекција-Општина Охрид, во кој биле известени за проблемот со присуство на поголем број кучиња скитници во нашиот град, и побарале, во рамките на нивните ингеренции, да интервенираат, односно да го спречат носењето на скитници од други градови на територијата на Општина Охрид.

Од друга страна, волонтери, љубители и активисти за правата на животните, велат дека утрово на потегот кон Горица 1 во Охрид бездомни кучиња биле ловени и ставани во кафези во комбе од страна на екипи за кои се сомневаат дека се ангажирани од ЈП Охридски Комуналец, со цел да бидат однесени на депонијата Буково или на некое друго место. Велат ваквиот начин воопшто не е хуман,  со оглед на фактот дека во Општина Охрид нема прифатилиште, а проблемот со бездомни кучиња се решава со помош на заловување и стерилизирање, по што тие се враќаат на место каде биде заловени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.