Средношколците од охридските училишта денес преку мирен марш ќе оддадат почит за настраданите во Кочани.

Целта е да оддадеме почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани. Во овој период ќе има масовно движење на учениците од сите средни училишта во градот. Маршот не треба да ескалира во протест, посочуваат организаторите.
